Еднаш доктор Гете беше добил идеја да направиме голем карневал во Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Карневалот требаше да нѐ развесели, но и да донесе пари за болницата од посетителите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Не му излегува од глава на чистачот на чевли на Plaza de Armas сликата на љубовниот занес на папагалите што утринава ја виде во градината зад катедралата во центарот на Лима (му дојде да ја запее онаа македонската: пилето ми пее рано насабајле, ама не ги знаеше зборовите) сетуку погледнуваше на евтиниот рачен часовник од погледот му се цедеше ту меланхолија, ту нервоза оти навистина не му беше јасно зошто денеска доцни на редовното чистење чевли господинот Хозе Марио Педро Варгас Љоса - сетики се сеќавате, тоа е оној господин со убав шешир и уште поубави очи, оној што прв го виде лудакот на балконот со жалузини над крчмата Катедрала во центарот на градот, оној што се давеше во чича и папсуваше од vals peruano кога ќе почнеа веселите карневали во Лима која веќе ја нема.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Тоа е големиот карневал во Келн, кој се одржува секоја година во февруари.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Некои фустани, како оние на калуѓерките, само навидум се безбојни, а под нив како да се збрани сите бои и сите движења од деновите на карневалите во Венеција.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Вистинската слобода отсекогаш била мултиколоритна и повеќе зависи од бојата а не и од кројката на фустаните.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
За Февруарскиот карневал во Келн луѓето се приготвуваат цел месец, па и повеќе.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)