Сензибилниот слух на поетот сепак регистрира придушен кикот во левиот агол, од каде шепоти брадлестиот: „Гледај го...татино синче...поетот со тенки живци...несреќниот Едипчо...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Еднаш ќе умрам под олтар, мислеше тогаш ловејќи негрижа кикот во секој свој нерв.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Се подбуцнувале душејќи го кикотот во себе: кришум од нив Симон Наконтик ги фителел мустаќите и одел натаму-наваму како моќен сајбија на светот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мајка ми, незабележливо, со своите остри погледи ни ги замрзнуваше насмевките на лицата и ние брзо-брзо излегувавме гушејќи го кикотот во дланките, оставајќи ја девојката занесена во својот ритуал, и мајка ми која правејќи се дека ништо не гледа, грижно ги бележеше тие знаци на првата девојчинска растрепереност.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Луѓето се собирале по потоците, се миеле со гласни извици и переле дел по дел од облеката, ја симнувале брадата од лице и ја поткаструвале косата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)