Но општествените значења, како родот и националноста, не се површни: тие се конститутивни за човечкиот субјективитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во тој случај, може да заземат одредени стратегии на избегнување кои ќе им овозможат да ги избегнат општествените повици да го доживуваат светот на хетеросексуални и на хетеронормативни начини.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во такви околности, не е некакво изненадување што многумина геј- (или протогеј-) субјекти им се опираат на приговорите од традиционалните кодови на мажественоста и женственоста или што гледаат штуро значење за себе во културните облици и активности кои таквите кодови ги обојуваат како традиционално мажествени или женствени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тие го определуваат општествениот и симболичкиот контекст во кој се обликува субјективитетот и затоа се темелници на општественото обликување на обродените и на сексуалните идентитети.
Во хетеронормативни услови, природно е машки субјект да си го доживува желниот однос кон мажите, мошне необмислено, како женствен, па врз таа основа да се идентификува со некоја женствена улога.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј- (или протогеј-) субјектите може и тоа како да ги доживуваат тие стилови на изразување, заедно со целиот конвенционален општествено-семиотски систем на родот и на сексуалноста што ги прожилува, како неконвенционални, ако не и начисто туѓи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Попрво, семиотските кодови ги сметам за конститутивни за значењата од кои се раѓа поединечниот субјективитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Диференцијалното родово исцртување на културните облици го создава (хетеронормативниот) општествено-семиотски систем во кој учествуваат старателите на детето, систем што веќе придонел кон обликувањето на нивните сопствени субјективитети и кон утврдувањето на нивните лични стилови на чувствување и на однесување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И не се обидувам да нудам генетички приказ на сексуалноста, ниту да ги објаснувам што ги тера поединците да бидат геј или стрејт – ниту сексуално ниту културно; попрво, ги испитувам потеклата на културните практики усвоени од тие што, од која било причина, излегуваат геј или стрејт во една или во друга смисла.
Згора на тоа, општествените кодови не ги сфаќам како идеи, до кои поединците можат или не можат да се издигнат; не ги доживувам како размисли за полот и за родот кои одделни луѓе можат слободно да ги прифаќаат или да ги отфрлаат – иако, како и многу чувства, тие навистина содржат одредена пропозициска содржина.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)