Луман сега заведе вергија: месечно, рече, секоја куќа од вашето село ќе ми дава по лира, наесен на секои сто брави, овци и кози сакам по пет за мене и десет ока сирење, а за пролет секоја куќа нека ми чува по руно волна, тие што имаат по дваесет овци повеќе – по пет.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Размислувањата за козите сакаше да ги сврзе со сознанијата што ги собираше за јаничарите, тој вечен ешалон на сите балкански империи, но секогаш присутен под друго име.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)