Чанга е жив! Козите се живи! Зарем можеше да има поголема радост во овој ден?
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Овие кози се вистински добродојдени и во исто време носат силна политичка порака.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ако има врска со засолништа, ако не е докрај умртвен, тогаш Чанга и козите се сигурно живи... – Значи, има надеж... – го прекина најстариот брат, повеќе за себе.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Не му одговарав ништо, а тој сам коментираше, највулгарно; на пример, ме праша дали би ја заменил ученичката Луција со една коза, оти тој би можел да ми најде коза од неговото село, кога веќе мислам дека козите се толку сексапилни.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)