Татко ми имаше книги во кои нашироко се расправа како козите ги осиромашиле шумите во Шпанија, на Сицилија, на Корзика, падините на планината Атлас во Северна Африка, дури до Црното Море.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Козите! Луѓе, слушнавте ли? Козите ги испозаклале!!! Тфу!!!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Козите ги уништуваат социјалистичките добра: горите, шумите. Затоа треба сите здружено да ги уништиме...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Нашата коза и Фодуловата коза ги пасиме со Трајко по патот бездански, ама другарувам со Трендафил.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)