колега (имн.) - го (зам.)

Умислува дека колегите го гледаат со ококорени очи, како да е чумосан.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Не. Затоа и го оставив.“ Еднаш еден колега го праша намигнувајќи кон другите: „Иване, каков вкус има млекото на кобилата?“ „Која кобила?“ прибрано праша „Една“, чу. „Една од некогашните брачни јасли.“ Ги стисна забите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Колегите го гледаа со прекор. Навистина не можеше да разбере зошто.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Сите застанаа. Најстариот од новодојдените, оној со ќелавата глава и мустаците, што неговиот помлад колега го ословуваше со „докторе“, ја остави лажицата и престана да џвака.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Неговите колеги го нарекле влакнеста глиста.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кога отвори, Ѓорѓија беше толку збунет што само се насмевна и како папагал го изрецитира текстот што го беше вежбал претходно: ѝ рече дека тој е соседот отспротива, дека испекол колачи и дека сакал да ѝ ги даде да ги проба, ете, како на нова сосетка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Познајниците му се смееја, колегите го озборуваа, жените го сожалуваа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ве молиме простете... пред малку... грешка... грешка беше... колегите го згрешиле бројот... извинете... извинете“ Ја спушти слушалката; длабоко воздивна и се насмеа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)