Не може и сепак сака да се намести на коленици во тој воен акшам да стори метание за последна молитва на денот и на својот живот. наеднаш му е жал, има жена и неколку деца, животот ќе ги сомеле без старател.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Пречи. Но, бигадирот Језекил сега загази до коленици во таа вода и мораше да продолжи да гази.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се најде себе си закопан над колениците во снегот, крај дирата, која полека, трпеливо ја полнеше врнежот. Помисли: Си нашол по кого...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ги собирам колениците во ќошево каде што сум седнат, опирајќи се да не слушам, па продолжувам со пишување.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Како сите порои да минуваат низ ова село, кај и да стапнеш пропаѓаш до коленици во густа леплива смола.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)