колено (имн.) - додека (сврз.)

Како низ лут чад што штипе во очите, пред поткосените коленици му се прелеваа една во друга некои сцени препознатливи, а далечни: замрсено клопче од отуѓени луѓе со забавени движења што плетка нешто во безгласна кавга каде да се легне мртовецот - дали да остане на троседот или да се испружи на масичето со висната глава и подвиткани колена додека да дојде нарачаниот ковчег; помалиот син, Гоце, кого не можат да го одвојат од постариот и кој не само што му ја стиска туку и му ја тресе раката, постојано повторувајќи „бате, бате” во пуста надеж дека некако ќе го разбуди; жена му, не помирена ами умртвена од смирувачките средства, веќе забрадена во црна шамија, одеднаш остарена, преполовена и смалена, стопена како грутка снеговна на дланка, со прачки од раце во празниот скут; свеќата што гори над дамкосаното чело на Нако, што станува восочно до проѕирност; миризбата од козметиката на снаата, нешто меѓу темјан и колофониум; мувла од пештерска црква, а сè во мансарда од новоградба; испиени лица на светци од икони а само смртни грешници со подуени модрини под очите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мислам дека чувствуваше болки во колената додека се обидуваше да се исправи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа ме порази бидејќи пораката на Ема, јас бев убеден во тоа, беше јасна: моите скришни погледи кон нејзините колена додека ја претуравме муницијата, биле доловени од некој агол кој барем за миг ја скривал искрата за која обично стануваме свесни откако ќе пламне во оган што нè обзема и во кој влегуваме без да размислуваме за крајната цел и за смислата на таквиот чекор.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сакав да му речам, се разбира со пријателски намери, дека не е културно да ја шета раката по туѓи колена додека вози во колата мртовечки сандак.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Помеѓу мене и тебе, Ристе, нема повеќе замање-давање.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само пријателот смеел да ѝ ги види колената додека таа си ги мие нозете.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)