А, пак, извршноста на пресудата значи дека веќе безуспешно истекол т.н. „париционен рок“ кој судот му го оставил на оној кој ја изгубил парницата за тој самиот, доброволно, да ја исполни досудената престација – по што, оној кој го добил спорот, е овластен да иницира присилна извршна постапка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
280 Триманова против Стоби Спор за неисплатена испратнина1 Nullam cum litigatore, quem in proprium recepit fidem, contractum ineat advocatus nullam conferat pactionem (C.J. – 2,6,6,2) Адвокатот кој ќе се нафати да застапува не би смеел да влегува во никакви [тајни] преговори, ни спогодби со парничниот противник Работничката Лиљана Триманова од Велес (сега 50-годишна) беше вработена во приватната модна конфекција АД „Стоби“ – Ве- лес, од 2002 година – седум години пред да настане конкретниот работен спор опишан подолу.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Значи, судската одлука е извршна ако станала правосилна и ако истекол рокот за доброволно исполнување на должниковата обврска.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)