Климент Камилски беше изненаден од големиот број позајмени именки од османскотурски во балканските јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Меѓу многуте тој ги издвои: абдал од арапски abdal, азган, аирс`з од турски хаирсиз, ајван турски hayvan, ајљаз од турски haylaz, арамија од турски harami, аџамија од персиски acemi, баксуз од турски bahtsiz, будала од арапски budala, билмез од турски bilmez, дембел од турски dembel, едепсаз од турски edfipsiz, зевзек од турски zevzek, катил од арапски katil, копук од турски kopuk, курназ од турски kurnaz, маскара од арапски maskara, муфтеџија од турски mfteci, намќор од персиски namkr, пезевенк од турски pezevenk, резил од арапски rezil, сарош од персиски sarhoş, тамавќар од арапско-персиски tamahkar, туткун од турски tutkun, ќелепур од турски kelepir, ќерата од турски kerata, угурсуз од турски ugursuz; шејтан (ѓавол) од арапски şeytan; шерет од арапски şeret; шапшал од турски şapşal и други.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)