Има таква ноќ во која не постои збор Што може да ги одгатне сите лузни Има таква нож во која се распознаваат само `рѓосаните копја на оградата во дворот И некоја златокрила пеперутка што се провира низ нив Има таква ноќ во која ѕидиштата на собата се сосема голи И во која неочекувано до тебе како последна причесна Допира тешкото удирање на стар часовник
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Ова признавање на неуловливите настани во исто време се копјето на св. Ѓорѓија, сега во раката на ЗАПИШУВАЧОТ, кое сака да го опредмети сонот на св. Ѓорѓија.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Може ова му беше казната од копјето на Свети Ѓорѓија, кое најпосле заслужено го стаса?, си рече.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
На недалечните ниви ноќта ги изела трепетливите копја на спечените пченки.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)