кошула (имн.) - од (предл.)

Ќе однесеш кошула од мажот ти на Капиштец. Ќе ми дадеш мене две банки.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ни се истргале кошулите од појасот, а луѓето подзапираат и се чудат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој ме молеше само да ја извадам кошулата од панталоните и да му го покажам стомакот, клечеше пред мене, со раце подготвени за молитва; јас му велев да не лудува, да се смири.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тие уште употребуваа борина за светло што сами ќе ја насечеа по боровите кории, тие уште носеа кошули од домашно ленено платно, тие уште јадеа домашен, црн ’ржен леб, иако цело село од поодамна се беше свртело кон готово, купечко бело брашно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— Ами коа била таа душа шо си а продала кошулата од грбот, да ѝ е арам? — праша Доста небарем не ѝ текнува откаде е.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со него заедно плачеше и мајка му и не знаеше што да му направи; му даваше насила да цица, но тој ја отфрлаше брадавицата од устата, ја стегаше устата кога му даваа со сила лајче со чај од тревки; му врзуваа амајлии против урок, нагаза, нави, шенци, клиње, не знаејќи од што му иде лошината; му облекуваа кошулче од немо дете, му ставаа камче во лелејката од пресушена река или поток за да му пресуши плачот; го шетаа од раце на раце тропајќи во тенеќе или бутин за да го ошеметат, но ништо не помагаше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Таа ги фрли тие „ѓупските" (како ги викаше Илко градските алишта,) уште првата вечер кога се венча со Илка и си запука да си ги носи новите кошули од првата жена на Илка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)