Најпрвин стапалата ги ладат, потоа ќе навлезат во водата до коленици, па до раменици, па ќе се нурнат - така по кошули ќе се нурнат - со плева и правта напластени.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
На пилето ќе му речеш: „како што ти работат крилјата, така да ми работат рацете, прстите“ . И кошула ќе веземе, ѝ велам, твоја рака ракавите ќе ги везе.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Моето кревко тело нема смисла за убав подвиг и лесно од мојата кошула ќе протолкуваш како проникнувала мојата душа низ зборот и низ писмото.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)