Мојата сопруга Гзиме, која патем ви благодари за испратената книга на вашата сестра Филозофија на меѓународното право и која веќе се наоѓа во нејзиниот Правен факултет во Скопје каде што е професор, ја наследи достојно мајкината вештина во месењето на питата тикуш и таа го внесе вкусот на новите зачини откако ја добивме вашата пратка со миризбите и вкусовите на вечната Прованса.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ќе блеат како телиња, ќе зеваат како мамлази и едвај ќе чекаат да дојде паузата за да ги покажат своите најнови тоалети и костими со кои ќе го истакнат својот статус у смрдливата универзална сала која патем не е реновирана уште од кога е направена и за која не се знае кога ќе ѝ падне таванот.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)