кој (имн.) - толку (прил.)

Во случајов, а тој е само еден од примерите, кон онаа смрт на цивилизацијата на книгата, за која толку се зборува и која најнапред се пројавува преку грчевитото намножување на библиотеки.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Смртта на зборот тука несомнено е метафора: пред да зборуваме за исчезнувањето, треба да се мисли на една нова состојба на зборот, на нејзината подреденост во една структура чиј архонт таа повеќе нема да биде.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но сега наближува кон она што навистина претставува нејзино губење на здивот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
“Ти ја донесов книгата за која толку многу ти зборував минатиот пат,” му рече.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кога пред Митрови застана големата светлосива лимузина, која толку светкаше на сонцето, што ти пречеше дури да гледаш во неа, се собраа сите деца од селото.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Јас која толку си ја сакав својата работа и имав големи познавања од неа, бев сведена на едно такво ниво.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Јас наивната, оптимист, која толку верував дека болеста е зад тебе, дека, иако половина човек, сепак, ќе си живееш.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Кога се отвори пердето, за момент во чудо ме погледна, се сврте кон неговиот другар и воедно негов колега, и ми рече: „Отворете уста“, а мене ми беше јасно дека, ако јас сум шерет, тој е барем 10 пати пошерет од мене затоа што едно тенко црево со камерче кое го извлече од една лигава вода во кофа, која толку многу ме потсетуваше на тенџерето на мајка ми (спомен од Соко Бања, со точки), заврши во моето грло и надолу, сѐ до желудникот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тврди дека ја има и сликата што ќе ми ја открие тајната по која толку долго трагам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас ве разбирам наполно: годините си го прават своето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А и не знаев како да ја искажам мојата надеж...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вели: „Кога ќе ја видиш сликата ќе откриеш кој си“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Во неа јасно стои дека никој досега, ниту од името на власта ниту пак од името на некој поединец, ниту случајно, ниту намерно не и ја одземал скапоценоста околу која толку жестоко се зазедовте.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И покрај волкуте надежни зборови не бев сигурен колку можам да му верувам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Деструкциската уметност е опозициска во одбивањето на лингвистичките апстракции коишто несвесно придонесуваат за одржувањето на деструктивната епистемологија на западната култура, епистемологија коренито совршена во „одбрана на интелектуалецот“ низ политиката и технологијата на изумирањето, за која толку вдахновено пишуваше Carlo Cohn.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Самосвесната софистикација на современиот интелектуален дискурс стои во јасен контраст спрема Мецгеровите субјективни „зборови“, емоционалните зборови што збунуваат, но коишто се непогрешиво стварни, директна експресија на замешаниот, страсен, лут и заплашен виктимизиран човек.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бев свесен дека во разликите во идентитетот, се криеше големата тајна во постоењето на сите уметности, во раскажувачката уметност посебно.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Уште од првите зборови кои ми ги упатуваше зрачеше силна охрабрувачка доверба од непозната читателка која толку неочекувано, силно и искрено ја прифати судбината на моето семејство како своја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Постојано се прашував до крајот на нашата преписка и потоа: која беше Елен Лејбовиц, која толку силно, речиси со светлината на метеор ја осветли мојата балканска сага и згасна?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Која беше таа мистериозна читателка која толку длабоко навлезе во моето балканско емигрантско семејство, во мојот балкански свет, во суштината на мојата книжевна потрага?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Повеќе никогаш не се видовме...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Продолжуваше мојата мисија во следењето на палестинската судбина, некогаш како дипломат, како амбасадор на државата која веќе не постои во државата која толку силно сакаше да постои.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Подоцна тој заклучи дека знаците за кои тој уште не беше свесен спотнаа некоја соодветна сила во него која толку многу се раздвижи што тој мораше да стане свесен за нив.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Зборот е едноставно за решителното отфрлање на еден начин на размислување, еден тип на саморепродукција на хрватската интелектуална фрустрација која толку отворено кулминираше во бедната хипотеза на Ласиќ.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Многу сум скептичен во поглед на тоа дека таа може многу нешта да промени.  К: Повеќето од луѓето со кои сум разговарал а кои ги интересира Кристијановата музика продолжуваат да се интересираат за неа, како и јас, но не поради неговите политички убедувања, туку заради самата музика. okno.mk | Margina #10 [1995] 55  К: Причината поради која толку многу пишувам е таа да се обидам да ги убедам луѓето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тате за сето време слушаше, пееше или гледаше на сите страни, се држеше за нештата како сиот свет да е центрифуга која толку бргу се обрнува, поради која тој би можел да биде отфрлен во секој миг далеку од нас.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)