Винстон ја мразеше оваа вежба од која добиваше остри болки од петиците до бутините и која често завршуваше предизвикувајќи му нов напад на кашлица.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Таа не се сеќаваше на ништо од пред почетокот на шеесеттите, а единствената личност што некогаш ја познавала и која често зборувала за деновите пред Револуцијата, бил еден дедо кој исчезнал кога таа имала осум години.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Попрво би се рекло дека неговите филмови се занимаваат со демистификација на еротиката.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Голотијата кај Ворхол се јавува без вообичаената магија со која често е проследена (во согласност со натурализмот на шеесеттите).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Но, во оваа прилика и овој краток текст, нема да зборуваме за видот на историската тема, која често е третирана во творештвото на овие балкански простории, а посебно во македонската...
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Доколку Duchamp можеби и не го читал Peladan, знаеме барем тоа дека ги читал Laforgue и Mallarme, поезијата која често ја опседнува фантомот на хермафродитството, поезија во која, пред сѐ, посебно кај Laforgue, повторно се појавуваат темите за целибатот, девственоста и „Ева без здив” („Eves sans treve”); кај Mallarme во Herodiada, на пример, сексуалната реалност повеќе се доживува како некоја форма на церебрално надразнување, интелектуално скокоткање, отколку како возбуденост на сетилата.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Од оние со кои подоцна разговарав и се распрашував за тоа што човек бил Борко во војната, речиси сите се согласуваа дека уште на почетокот, во 1941-та, покажувал храброст, но не некоја храброст сама за себе, туку храброст чиј мотор е во некоја внатрешна амбиција која често не води сметка ни за другите луѓе, ни за другите нешта.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ема, која често ми се јавува и чиј глас многу ме куражи, ми кажува дека во весникот Време пишувало оти по смртта на Борко, планираната прослава по повод петгодишнината од изградбата на браната Долнец, немало да се одржи.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Постоењето на многубројни архаизми, исто така е забележлива одлика на преданијата, која често се среќава и кај легендите /.../* ____________ * Сублимирани искажувања од користената литература.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Во моите чести посети во неговиот работен кабинет забележував с повеќе досиеја од Балканот, наредени едно врз друго, како вистинска тврдина од хартија, која често му ја затскриваше едната половина од ликот, кога беше седнат зад својата работна маса.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тој на свој начин овде се ослободуваше од цариградската носталгија, која често го обземаше.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Го чувствував мајчиниот трагизам, оставена да не ја доврши мисијата за која ја беше испратил во животот Севишниот, нејзината немоќ, низ татковите книги да го предвидува спасот на семејството.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Беше на извесен начин притаено задоволна, смирена, што најпосле ќе може некому од своите чеда да му ја препушти грижата за библиотеката во домот, каде што веруваше дека во книгите беше задржана татковата душа со која често можеше гласно и да зборува читајќи ги страниците врз кои беше посипана пепелта од цигарите при некогашните таткови занесни читања кога беше најжив, сеприсутен.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Хичкок: „Тоа беше една од незгодите во комерцијален поглед со која често се соочував.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)