Во Федерацијата првин беа резервирани кон странските новинари, но, на крајот мораа да попуштат.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Крај мора да има на едното, за да дојде другото на неговото место – објасни старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Полека го подготвувавме. Најпрвин дека имаш чир на желудникот, па дека треба да се оперираш, но на крајот моравме да му ја кажеме вистината, дека имаш рак на желудникот.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Се разбира, на крај мораше да се соочи со фактот дека пола од стварите мора да остави, па така јас секојдневно сум изложена на мистичниот ритуал на предавање на "оставштина" составена од снежнобели миљенца, порцелански вазни и кристални слонови... ко мапа на закопано благо да ми предава!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Боледувајќи по Бранка, низ носталгијата на Шумановата соната за виолини во Д-мол, Горчин се предаваше одвнатре, од најдлабоките клетки, на слатката омаеност на сетилата, дозволуваше да го голтне мемливата полноќ, во која на крајот мораше да се удави – занесен, несмирен, неспасен.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)