крај (имн.) - свет (имн.)

За она што не ќе можеме да платиме, ќе работиме. Качари сме, колари, казанџии.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И на крајот светот секогаш ја победува историјата, на тоа потсетуваат и последните детски и мајчини пригушени крикови на камените пунски жртвени гробници во Картагина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ни избега, вели, на крај свет ни отиде!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Лесново... Тоа село е на крај свет. И малку потаму. Предалеку и за штрковите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И овде на брегот на Езерото, како во Картагина, опстојуваат кралства од урнатини, во кои останува заробена тишината.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)