Во тревата околу него се движеле бубачки од зелено злато или од капки жива крв навидум бесцелни и мрзливи од предолго зимско чмаење под земја или во дувло на дрво; биле секакви - под блескави оклопи, многукраки, голооки или со жолти и црни прстенчиња на себе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тогаш (или подоцна кога раскажувал) мислел дека низ шумата се движи омаен мирис на превриено млеко и можел да знае дека таа воздивнува од длабочината на градите со две темни пупки на врвовите од кои по белината на кожата се протегаат беломодри женски жиличиња.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)