критика (имн.) - и (сврз.)

Тоа е за нас сеуште неразбирлив и непрепознатлив свет, со некаква злокобна искривеност, на која што жестоко ѝ се спротивставуваат нашите ментални правоаголни координати, научени на линеарниот бескрај на критиката и историјата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Подготвено ги отфрлува радикалистичките барања на критиката и нејзината нормативна надлежност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Енценсберговата реакција е одмерена: се обидува да го релативизира нашето неиздиференцирано отпишување на критичката традиција.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Зашто уште до вечерта дознав дека Баџата уште вчерадента го затвориле, а мене, зошто на висока функција, прво ме сомлеа низ критики и самокритики, ме исклучија од партијата, ме сменија од функцијата и поминав само со една година физичка работа како градител на одморалиштето во Отешево, во Преспа...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Од раните шеесетти, се случија значајни промени на полето на Translation Studies, како широкото прифаќање на изучувањето на лингвистиката и стилистиката во литературната критика, кои придонесоа за развивањето на методологијата на критиката и воедно за актуализирање на работата на Рускиот Формалистички Круг.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Она што може да се критикува - и тука ја акцептирам критиката и аргументацијата - е начинот како деконструкцијата интервенира во зададено подрачје на компетенција.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)