Од под куп секакви и ненужни нешта во ковчегот со црвени и зелени шари тој допре со истргнати прсти неголема дрвена плоча и, извлекувајќи ја со болка во половината, ја сврти кон светлоста на прозорецот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Гледал низ разбранетост на златни и зелени риги кон купот секакви глави, кон очите во кои животот со свој знак го обележил најтемното во човекот, суровоста, алчноста, себичноста, или само му се чинело дека гледа и дека знае колку им тежи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го покрил челото со дланка. Искинатите зборови без значење му замирале в грло, замреле, стивнале со танок писок.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Чана се враќа и носи нарамник испокршени штици и минувајќи пак крај нив Уд ѕади има цау куп секакви дрва, признејте там! проговара и влегува во куќата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)