И големиот облак над куќата нема да н подземе, за да полетаме како во сликите на Шагал.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
А Мефаил не престануваше да им наредува на Рифата и протуѓерот: — Ако ништо друго в куќа нема, пепелта од огништето ќе им ја исцрпите и ќе ми ја донесите овде.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Иако во самата куќа немавме вода хигиената ни беше на високо ниво.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Во куќата немаше никого. Томо беше заминал на планинарење со некои стари пријатели.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ох, знам дека за тоа ти плаќаат, но можеле да бидат други, кои за куќите немаат чувства какви што имаш ти.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
СЕЛАНЕЦОТ: Ама... не пазарам кај тебе...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
В куќа нема ни грутче сол, ни капка газие...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Види, јас никогаш досега не сум забележал дека пред нашата куќа нема ниедна улична светилка.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Правена е по план, донесен од Германија, каде што тако му работеше како слаткар: куќата е со висок стрмен покрив кој не држи снег, и на кој, на сите четири страни, има тавански прозорчиња што го осветлуваат просторот под покривот; на сите четири ѕида од куќата: и на долниот и нагорниот кат, има мали дрвени балкончиња и тесни врати кои излегуваат на нив; над нив има гипсени украси: развлечени триаголници што се испакнуваат од фасадата; по рабовите на куќата, исто така, се спуштаат гипсени бордури; куќата е обградена со зеленило што ја прави уште поубава; пред куќата нема градина како пред многу други куќи, туку е посеана ниска трева која како зелено кадифе го покрива сиот простор; низ тревата постојано се разлева една браздичка со вода и ѝ дава свежина и силно, блескаво, зеленило; пред куќата, под лозницата што е разгранета на дрвени потпирачи, се белее гроб направен од мермер; околу него цвеќиња и масичка и столчиња направени од преполовени костенови стеблаци; оградата на дворот е од мазни дабови плотици со куси врвови исшилени како запци од шара.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- А ако нѐ фатат? - Претпладне во куќата нема никого.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Во оваа куќа нема ни вино ни погача. Вино и погача јас носам, ја служам.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Нема куќи, дури и остатоци од куќи нема.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ваму во куќата немаш постар човек.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)