Сите во куќата продолживме да ги прелистуваме Татковите книги, гледавме необични слики на пеперуги, кози, јарци, јагули, со намера еднаш да ги читаме и ние овие книги, но никако да ги откриеме нашите социјалистички купони.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кога ќе ја отвори вратата, му се отвора јужната страна и еден дел од брегот на езерото што од неговата куќа продолжува натаму да сe исукува како воден конец; сонцето постојано му е на вратата, и штом ќе ја отвори, тоа му влетува внатре; на задната страна, кон селскиот сокак, на куќата има прозорче, мазгалка, и низ неа протинаше пушка.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)