куќа (имн.) - ни (зам.)

Кога влегов во селото ми кажуваат децата: Тасета го утепаа!, и јас набрзина се стрчав накај дома. Куќата ни беше до реката.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Татко ти и јас постојано го чувствуваме твоето отсуство. Куќата ни е страшно празна без тебе.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Куќата ни е срушена, немаме веќе ништо, не знаеме каде нѐ водат, толку нѐ тепаа и нè бомбардираа што ни се чини дека сите го изгубивме разумот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Среќа наша што наишол вечерта во Маврово, видел дека куќата ни е осветлена, па наминал да нѐ поздрави.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Среќа што тргнал да нè бара низ ноќта, среќа што го има оној негов пиштол, па пукал за да го чуеме, среќа што го чувме, среќа што Дена се покажа похрабра и од мене, среќа...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)