куќа (имн.) - без (предл.)

Куќа без машка глава е дрво без корен, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Патот Татко и Камилски ги водеше кон просторот на некогашното Еврејско Маало.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За некои од нив се говореше дека спијат во старата, полуурната куќа без жители, на која, еднаш не сакајќи, ѝ го искршив прозорецот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Таму се очекувале големи реакции, немири. Нема куќа без уништена коза.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И си мислам за Јона мој, за куќава без стопан, без сенка. И за нас, што се утариме ко наврнати утки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Брзо отиде кај неа. Ја затекна пред нејзината куќа без нозе и во инвалидска количка.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Куќа без капиџик се сметала за проклета, без отворена врата кон другиот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да му каже дека пуста ми е куќата без него и без неа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Куќа без босилек е како црква без темјан.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)