куќа (имн.) - крај (предл.)

Но кога се населивме во куќата крај брзата река и кога започна, во овие повоени времиња, да нè измачува гладот, татко ми, без своја рода и блиски луѓе, со кои лесно се дели и последното парче леб, западнат во вечното читање на своите книги, сѐ повеќе личеше на некаков балкански Дон Кихот, кој не умее да најде никаков излез за семејството, на чии врати сѐ посилно тропаше гладот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Гледаше во куќите крај патот. Се прашуваше како тоа сите се слични, речиси исти.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во други куќи крај Езерото се правеше тикуш, ама со друго име, обично го викаа пита со пиле...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко и Камилски, откако ги совлада сонот читајќи, ги разбуди песната на бригадирите кои се враќаа од доброволна работа и намерно се доближија до нашата куќа крај реката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако се бараше слика на делче од рајот на земјата, тоа можеше да биде само Мајкината градина на нашата куќа крај реката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски запирајќи на оваа заемка и забележувајќи ја во својот голем жолт нотес, наменет за бележење на балканските ides generales, се сети на чардакот на нашата куќа крај реката со поглед кон тврдината, кон која со Татко ги упатуваа погледите во долгите работни средби, кога запираа пред енигмата на некоја мистериозна османска заемка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Старата беговска куќа, градена пред двесте години, во низата други слични куќи крај реката, имаше приземје и кат, со убав издаден чардак, авлија која водеше кон убаво средената бавча со насадени цвеќиња во првиот дел и со зарзават во другиот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ние мораме да ја разјасниме мистеријата, на оваа пита над питите не ѝ е дадено случајно името тикуш! рече замислено Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Камилски и Татко се бореа, секој на свој начин, во нивната необична мисија како да се скроти и конечно да се победи зборот од којшто луѓето сакаа конечно да се ослободат или да го скротат, конечно да го победат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но играта беше и повод да си прикажуваат за нивните балкански алови, без страв дека отворените и смели зборови ќе поминат преку тарабите на куќата крај реката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мојата баба како да беше одраснато сираче, небаре вградена во куќата крај Езерото, како во една поприфатлива и почовечна варијанта отколку во балканските легенди, во кои млади мајки се вградуваа во темелите на видни градби, за да се смилуваат злите и кобни сили да ѝ ја поштедат градбата од мистериозно уривање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се сеќавам на еден настан уште од времето на виетнамската војна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имавме едно радио во облик на раширени крилја на паун, кое татко го донесе кога се врати од Цариград, кое како да беше дел од куќата крај реката Вардар во Скопје, дел од семејството.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таму, во нашата куќа крај Езерото, големата куќа на целото семејство која беше близу пазарот, си имавме сѐ што ни требаше за да издржиме живи и здрави, повеќе денови, додека траеше бомбардирањето и додека се разменуваа војските.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа остана во последната куќа на нашето семејство во егзил, со сега запустената врска со клучеви, од напуштените куќи крај морето и крај Езерото, но сѐ уште со пустата надеж дека некој, сепак, ќе им ги најде вистинските брави.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во Мајкините реликвии, во малиот ковчег, покрај каталогот на римската стоковна куќа Ла Ринашенте, од пролетната мода на Италија, неколкуте стари италијански весници, стари фотографии, трите заборавени знамиња, се наоѓаше и врската со клучевите од напуштените куќи крај морето и крај езерото, како и едно старо посребрено огледало кое го наследила од мајка си која никогаш не ја видела.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А за мене започнуваа маките со сите вас! – И што стори ти тогаш, Мајко? – запраша најстариот брат со возбудата што ја делевме сите. – Останавме сами, среде војната, во големата куќа крај Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во куќата крај брегот на Езерото, под Италијанците, живеевме ние, со вас, а во другата куќа, под Грците, беше баба ви, со вашиот чичко и неговото семејство, со нив беа и вашите тетки.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога се случи, со клуч од една од одамна напуштените куќи на семејството, да ја отвори вратата од куќата крај реката, Татко, барајќи го постојано вистинскиот клуч на животот во новите предизвици на егзилот, започна да верува во Мајкината метафизика на враќањето, во нејзината поврзаност со Севишниот...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дел од нејзината рода, католички Албанци, живееја уште поблиску до нашата куќа крај реката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко, со своето семејство, во куќата крај Езерото, а помладиот брат, сѐ уште неженет, остана да живее со мајка им и со сестрите во другата куќа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се обидуваше, со сите сили, додека ги имаше, сѐ до залезот на својот живот, да ги надополни овие две големи празнини, првин, станувајќи голема мајка на своето семејство и да трага по својата загубена татковина, останувајќи му верна на митот на враќањето во неа, носејќи ја постојано со себе врската на клучевите од напуштените куќи крај морето, крај Езерото, низ повеќе генерации на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Видов-невидов, ги зедов двата празни зембили и појдов кон нашата куќа крај Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
XXXII И Мајка Ервехе си ја распосла судбината во новата куќа крај реката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Уште многу ќе страдаат, кутрите, си помисли, сеќавајќи се на сликата на Сталин во нашата куќа крај реката, од која нѐ спаси бришејќи го од правот неговиот лик.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Бранувањето на лавандата низ провансалските полиња силно ме потсетуваше на пролетното цутење на јоргованот во мајкината градина во нашата последна куќа, куќата крај реката Вардар.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
За куќите крај пругите и децата на прозорците. Замисли си само!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)