куќа (имн.) - не (чест.)

Уште од малечки тие знаеја само за појадок и за ручек, а вечерата во нивната куќа не беше позната.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако куќа не направив со високи шимшир порти, куќа цел свет братски ми е братски срце што отвора, срце - порта највисока, срце - куќа најширока.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Куќата не ни е малтерисана, бањата несредена. А ти ми спомнуваш кола.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Првобитниот план да се иселат од куќата не беше остварлив, бидејќи само Томо можеше да се справи со лудата Ана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, бадијала зборувам кога никој во куќава не ме слуша.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И додека ова го сфаќам, оние коњи со онаа колесница и времето во неа, удри покривот на мојата куќа, кровната конструкција попушти, но сепак куќата не се сруши, таванот не попушти под покривот и не предизвика понатамошно уривање.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во жалбата наведе дека вештото лице кое изврши увид, дава свое мислење само околу тоа колку е оштетена куќата а не и кои се причините што довеле до оштетување на куќата; дека вештото лице самото наведува дека не е стручњак по ова прашање; па спрема тоа, треба стручно лице да даде свое мислење за причините што довеле до пукање на куќата, зашто има и други куќи во селото што се на иста или приближна оддалеченост од каменоломот, а не се оштетени; што се однесува до сведоците: тие тврдат дека пред употребата на експлозивот, куќата не била напукната, но не можат да тврдат дека тие пукнатини настанале токму од експлозиите или од нешто друго.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Само со тули куќа не се прави! И вар треба.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Претресот во означената куќа не дал резултат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Господарската куќа не беше во кула, оти кулата допрва требаше да се гради, туку во најубавата куќа со чардаци, во која порано престојуваа митрополитот и игумените, кога ќе дојдеа тука на прошетка, или обиколка.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
ДЕПА: Кога се испраќа на туѓина куќа не се затвора, клуч не се става.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Во оваа куќа живееше Симон, и таа куќа не беше на Борко.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Поголем срам и понижување за нашата куќа не може да има - викаше татко му на Хелвиг, задишувајки се од лутина.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Една од потврдите дека тој престој вистински се случил беше и партизанската блуза. Веројатно паметите дека ја носев.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но и порано а и сега сум сигурен дека престојувањето на партизаните во нашата куќа не е измислена приказна и обично женско озборување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
БОРИС: Така е. Ако гостите не се бесни, куќата не е тесна. (Пауза.) И велиш Американецов случајно? (Пауза) Што не се најде некогаш некој Рус, случајно, мајката?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Вечер, шепотел со треска во грлото и ќе стоел до стемнување неподвижен ако од куќата не излегло потпирајќи се на крив стап старчуле што можело да се собере во чобански тагарџик: жива играчка за деца, ништо друго.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но тој видел дека сепак му кажува нешто со брз поглед. Што? Она во што верувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мајка му, исто така сериозна и уште повеќе надмена, која како невеста си ја донела секогаш заклучената касела (од која кога ќе ѝ се подигнеше капакот избиваше еден стар и тежок здив на нафталин) и по сите килими во куќата не оставаше да се стапне со чевол, ами со чисти чорапи на измиени нозе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Некој од селаните, алудирајќи на нејзината убавина се осмелил дури и да подрече дека е многу вистинит оној збор, оти убавината куќа не крепи, ама сите сакаат да ја имаат под свое.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но Мајка, откако ќе дојдеше на извесно време кај некого од нас, неочекувано, по неколку дена, категорично ќе побараше, ќе најдеше семожни причини, да си оди, под изговор и дека Татковата куќа не се остава долго време сама, куќата на нејзината осаменост.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ништо друго не гледаш од сонцето. Дури ни куќите не се гледаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)