лек (имн.) - кој (зам.)

Но, сепак, ваквата тешка здравствена состојба воопшто не го засегаше раководството на фабриката, кое му понуди доброволно да потпише дека е на „принуден одмор“, бидејќи во спротивно ќе биде избркан од работното место. 3
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Подавав вода во чаша за пострашни лекови, за лекови кои некој не сакаше да ги пие, ама тој крст го носев само јас и го криев од другите. Од сите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сега Хера не одеше повеќе на лекар да ја лечи главоболката, како што тоа порано го правеше, пиејќи разни лекови кои во почетокот ѝ ја смируваа болката, а подоцна не. Ѝ правеа разни проверки на крвта, урината, шеќерот, ѝ ги испитуваа бубрезите, срцето, притисокот; ѝ советуваа да не се преморува во работата, повеќе да се одмара, да избегнува потиштеност и затворање во себе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Подоцна, по добивањето на спорот опишан подолу, Величковски целиот добиен износ на парични средства го дава за операција во специјализираната приватна болница „Филип Втори“ (кај д-р Жан Митрев), како и за понатамошно лекување и третман на проблемите со срцето – на пример, тој има реални месечни трошоци од 3.000 МКД за потребните лекови кои му се неопходни за нормален живот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)