„Тој куршум беше вперен во срцето на нашите чувства, а се распрсна срцето на твојот брат моја Сања,“ ѝ пишуваше Авни на девојката која остана во неговите сеќавања со широко отворени очи во триаголникот што со необично прави линии го формираше шамијата завиена околу нејзината глава.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Да резимираме: класичните мајстори на перспективата во своите трактати јасно ги раздвоија, од едната и другата страна на трите хоризонтали - од кои најниската ја претставуваше линијата на хоризонтот од долен домен, а највиосоката линија го претставуваше челото на горниот домен - двата разнородни простори: просторот на геометриската проекција и просторот на проекцијата во перспектива, со други зборови дводимензионалниот простор и привидите на еден тродимензионален простор.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Истиот ден од пристигнувањето на Хрисостом, во зградата на митрополијата владиката го посетија мајорот Лит, шефот на безбедноста Беренц, префектот Кесар Марѕокис што ја претставуваше цивилната власт на островот, градоначалникот на Закинтос Лука Карер и други видни граѓани на островот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Беренц го крена телефонот ја сврте неколкупати рачката на апаратот и на специјалната линија го побара воениот управител на островот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Линијата што ја исцртувам со своите нозе за да стигнам до музејот, е поважна од линиите кои ги гледам на сликите изложени во музејот“, пишува Хундертвасер, а на крајот од манифестот ја испишува реченицата „рамната линија го води човештвото во пропаст“ на германски и француски јазик. Margina #19-20 [1995] | okno.mk 127 За разлика од рамната линија, „која води во пропаст“, спиралата е „органска“.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)