Ми се наложи метафората на сиџилите, како нова линија во мојата балканската сага...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Денес повлекувам тенка линија во животот.. ќе се движам по неа.. како акробат кој се обидува да држи рамнотежа...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Меѓутоа, задоволни од активностите на единиците на НОВ и ПО на Македонија на 10 септември 1944 година британската заднинска воена мисија на бригадирот Фицрој Маклин испраќа порака до мисијата Spike во која “како продолжение на “Ratweek“ во Македонија AFHQ бара акциите да продолжат и максимална штета да им се нанесе на следните железнички линии во случај на заземање од единиците на ЈАНЛ.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Тој беше убав на лице. Чело високо, издадено, сето лице правилно исечено, и само една танка линија во полукруг десно од устата ја нарушуваше правилноста.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Од маса го зеде црниот моливи и полека, како нешто да откинуваше од себе засекогаш, врз црвениот круг повлече две линии во знакот “х”.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
На А.А., велеше Х.Х., Партијата му оставила поголеми права и како директор на Атеистичкиот музеј, поставувајќи го во првите линии во борбата против религијата и Бога, за да има најголемо маневарско поле во откривањето на најкусите патишта како да се отстрани религијата од душите на троверниот албански народ.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
На подот на ателјето има тенка бела линија во иста линија со објективот на проекторот, а објективот на камерата мора да биде на таа бела линија.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Во овој филм го направив и најопасниот експеримент што некогаш сум го направил и кој никогаш повеќе нема да го повторам.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Така елегантни во таа линија во подножјето на разбрануваната езерска вода правеа фигура.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
И слушаш како искрено го пренесува својот проблем на телефонска, „вруќа“ и изгор скапа линија во живо, како онаа „простата“ му ја зела моќта со вуду моќ, а го слушаш и советот од специјалистот: „Није од просте и бивше, веќ од простате, пријатељу... Видим да сте у шоку... пријатно!“
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Најдовме само една грациозна крива линија во рѓосаниот челик, која означуваше каде поминал молекулот.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
И мало дообјаснување за врзната линија во оваа Маргина, Кабаков: решивме да го претставиме оној помалку познатиот Кабаков, цртач и сликар, за разлика од оној Кабаков, ѕвездата на инсталации и перформанси. 128 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Глобалистите ги гледаат границите како сè понеодредени и поотворени, трансформирани од економски бариери и утврдени воени линии во мостови за комерцијални трансакции.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Од друга страна, културните граници ги одделуваат различните светови на значење, додека геополитичките граници се поставуваат во геополитичките простори. 2 Види Hastings Donnan and Thomas M. Wilson, Borders: Frontiers of Identity, Nation and State. (Oxford: Berg Publishers, 1999), 19. 12 1.1 Borders, boundaries, frontiers Да биде забуната уште поголема, во литературата (англосаксонската) се користат цела низа заемно заменливи поими за означување на границата, со различни значења – од линија во земјата/тлото до нејзината примена како метафора за културните и другите „гранични“ подрачја на постмодерната, од територијалните меѓународни граници до метафоричките граници на идентитетот.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Секоја фамилија има некаде во себе трага на лудост, а братучед ми Мурад се сметаше за природен наследник на лудата линија во нашето племе.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Еднаш неговиот сопствен син Арак трчаше осум блока до берберницата каде што татко му ги поткаструваше мустаќите, за да му каже дека куќата им е во пламен.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Се наоѓаа на крстопатот на своите спомени, во балканските времиња збиднати во далечната 1917 година, кога Татко, на прагот од младоста, ја започнуваше својата долга линија во егзилот, својата отоманска и турска врска, а Мајка, во цутот на детството, ја започнуваше својата „грчка врска“, во Солун.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)