Кога помеѓу Албанија и Македонија (во составот на Југославија), во периодот на сталинизмот и на Информбирото, меѓу двете земји се крена најнепроодната граница во Европа и преку ноќ го пресече протокот и на луѓе од исти семејства, луѓе од Албанија доаѓале до граничната линија означена со висок ѕид од бодликав тел, фрлајќи пари кон Манастирот со надеж дека некој ќе ги однесе до Светилиштето.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)