липање (имн.) - на (предл.)

Одеше по рибјите движења на девојката и ги слушаше наковалните во разбиената рака. И тихото липање на болните кончиња под кожата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Со заби го задушував липањето на своите усни; тие беа набрекнати од болка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Липањето на Калија веднаш секна. Тие се спогледаа си Марко. Што беше ова? Зарем Бошко не беше нем?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се слуша само липањето на Кира.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тогаш улицата се смируваше. Престануваа доверливите шепоти на жените, а лагите на лимарот, и липањето на писаровата виолина.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Липањето на виолината под дебелите прсти на писарот стана непотребно и глупаво.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во отворениот прозорец на општинскиот писар се мачеше крцкаво липање на виолина. Се поткренав на прсти и ѕирнав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Со заби го гушев липањето на твоите усни; тие беа набрекнати од болка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)