лице (имн.) - уште (прил.)

Сега нејзиното лице уште поодбивно му изгледа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Одам кон џипот, а со лицето уште сум свртена кон него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Условите за добивање на оваа субвенција е кај работодавачите да нема намалување на бројот на вработените на неопределено време три месеци пред денот на вработувањето на нови работници, освен во случаи на смрт или пензионирање, на вработеното лице да му се исплатува најмалку минимална плата утврдена со закон за полно работно време, обврска да се задржи на работа ова лице уште две години по завршувањето на периодот на субвенционирањето, кој пак исто така изнесува две години од денот на стапувањето на работа на работникот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
- Ќе се бранам со секира. Зошто ви се вам нови мртовци со дупка на челото?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повисокиот тревар му рекол дека ќе му се покори, бездруго ќе му се покори на ножот; лицето уште повеќе му заприлегало на мудар лисец што се готви да се исклешти за своја сметка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Солзите ѝ беа пресушиле, лицето уште повеќе ѝ потемнило, чиниш недогорена гламна, чиниш црна билка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ане од чучната положба се потпре врз тротоарот, го засили плачењето и лицето уште повеќе ѝ се искриви.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А тоа лице уште ме демне преку рамо, преку трпеза, преку јадењето што го вечераме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)