Според уверувањето на Карер, колку поединечните верски заедници, толку и масонската ложа беше столб за заедништвото на островјаните. „Јас, господине Карер, од Вас го сакам списокот на секое еврејско семејство во градов”. „А, тоа било”, малку му лекна на Карер.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Само една мала рапавост што ненадејно се појави во неговиот глас можеше, додуша на попроникливиот одошто тоа беше Паул Беренц, да му укаже за внатрешната сеизмика што во неговата канцеларија длабоко го тресеше Карер. „Немаш список на твоите Евреи?!
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)