Го молеше Бога да му даде сила да го издржи искушението и да му даде сила Давидова, мудрост како на Соломон и поддршка како на Мојсеј да го спаси народот од смртната несреќа што му се доближуваше како огромна луња најавена на хоризонтот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во градите ги топлеше виното, а однадвор им студеше.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Карер го помисли тоа, ги виде некои од тие пријатели на црно-белиот под среде убаво осветлената ложа, а потем се виде и себе си, исправен на нејзиниот симболичен исток, со свечената, богато декорирана престилка на мајстор слободен ѕидар, со околувратник што му ја симболизираше должноста во ложата и со бели ракавици на рацете, сѐ симболи на моралната чистота и посветеност на мајсторот масон.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Грнчарот одеше по строгите патеки што ја поврзуваа работилницата со придодадени ниски ложи и нешто постојано објаснуваше.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)