Затоа во маката ја бараме само неа: Ѕвездан ме бара мене, а јас мојата мајка.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тој со мака ја одлепува устата, ко нејако пиле, ко врапче голиштарче.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А во селото и околината луѓето не еднаш велеа: - Кога запева Фимка, сонцето некако појасно и потопло свети, појот нејзин ја грее душата, ја смирува лутината, аргатската мака ја олеснува, ги полни срцата со некакво таинствено блаженство и замајување, маѓепсува, скротува, смирува, зближува, воздигнува и возвишува, а чучулигите губат лет во висина и славеите замолкнуваат, слушаат и љубоморат...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Археологот и инженерот со тешка мака ја искачија Гола Глава, ги измори брзото одење, а им тежеа и годините.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Бевме тажни, претажни заради нашата Сталинка, не знаевме каква мака ја мачи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Со мака ја поткрева едната рака и нѐ фаќа за вратот, нѐ милува по темето со раката. Првин едниот, па другиот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Коњот со мака ја теглеше колата по нерамното џаде и наближуваше кон селото; фрчеше со носот, се потеше од жештина и од теглењето.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
И сокривајќи ги влажните очи, зачекори преку тврдата земја, која плугот, давејќи се на смрт со неа, со мака ја ораше.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
- Богами, не ја даваме- рече Петре. – Неа и зимоска и сега маката ја има натерано да дојде кај нас.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)