XXIII Мајка својот живот на Балканот го делеше на два дела, јасно обележени од балканската географија и од балканската историја: на живот минат на едната страна од границата, во родната земја, и на живот минат на другата страна од границата, односно во туѓина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
- Љубовницата ми вели дека од пивото попуштале вените - се засмеа Мајката и со показалецот покажа кон Овчарот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Престани бе! Зошто зборуваш со мртовци? - го прекори Мајката својот комесар Чауле и седна на гајбата со пиво.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Колку да ја отвори устата, да ја спомене мајката своја.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Да не мисли таа моја мајка својот роман за деца да го пишува како тој Макаренко? - се исплашив.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
БАБА АНЧА: Ич ти да немаш мерак, јас ќе се грижам за неа повеќе отколку мајка своја.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Може, си пееле за децата, за мајките свои.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)