место (имн.) - нема (гл.)

Освен во кујните крај печките за готвење, на другите места немаше греење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во болницата место немаше: по скали, по ходници лежеа ранети; во кревети по двајца лежеа: болничарите и милосрдните сестри не стигнуваа ни вода да им подадат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Над нив беше исправен голем брадјосан човек каков што во своето село ниту пак не некое друго место немаа видено.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Прва работа што треба да ја сфатиш е дека на ова место нема маченици.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Стрепеше особено кога Бојан ќе испружеше рака нагоре, барајќи место каде да се фати, каде да ги закачи прстите, а такво место немаше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бараа начин, пат да се ослободат од тоа проклето место, да избегаат од студената сенка на ѕидот. Не, такво место немаше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Навечер се плашев да не премрзнам, да не ми премрзне детето во мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)