метод (имн.) - за (предл.)

Ова е суштински повеќе статистичка отколку логичка метода за дефинирање на односите помеѓу конструктите.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Се жалеа на пороци и грубости од професорите кои не се воздржуваат од примена на сила како метод за зајакнување на актерското его.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Сепак, најповеќе Нунета го уважуваа и почитуваа заради „Метод за решавање на омразите и вражбите“ наречен накусо „Пакс-верс метод“, или како што тоа со гордост го објаснуваше Нуне „Стиховен мир“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во десетгодишното постоење, владата разви мал милион на методи за кршење на отпорот на малубројните дисидентски групи.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во текот на седумдесеттите Stephen La Berge од Универзитетот Стенфорд и Keith Hearne од Ливерпулскиот универзитет успешно извршија комуникациски експерименти во лаборатории за спиење.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Обајцата развија метода за индуцирање на луцидност во соништата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Будистите создадоа еден од најголемите “направи сам” прирачници за ракување со мозокот: Тибетанската книга на мртвите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Првите инженери на Хаосот можеби се Хинду мудреците кои создадоа метод за ракување со мозокот наречен Јога.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)