миг (имн.) - лице (имн.)

Во таков миг лицата, самиоте од себе, стануваат строго разумни, чиниш грижата во очите им еза она штп ќе дојде утре или малку подоцна, еднаш; течат низ времето но пред да ги нема оставаат трага за себе, едни темна и проклета зла, други поинаква, таква некаква поради која за добро се споменуваат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во секој случај, прво малку се збуни од моето прашање, му требаше нешто време да се потсети, но потоа за миг лицето му го греа милина па пак му се смрачи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Напнатите и испиени црти малку му попуштија и таа долови мекост во тврдиот сјај во очите на Боб, но во следниот миг лицето се повлече зад неговата засрамена маска.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
За миг лицето му се разведри.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)