Какви и да се субверзивните задоволства во филмот, а сигурно ги има многу, нема човек што може да го обвини за политичка прогресивност.
Како што се забележувало многупати, Милдред Пирс не е само класична холивудска мелодрама, добар пример за „женски филм“ и ремек-дело на црната серија [филм ноар] од Ворнер брадерс (барем во кадрирањето).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тој е и приказна сосема подобна за крајот на Втората светска војна, кога поради демобилизацијата на милиони американски мажи жените требало повторно да се припитомат и да се прераспоредат назад во домот од работното место, каде што биле повикани да ги пополнат работните места што привремено ги ослободиле мажите кои сега иделе да си ги вратат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)