мисла (имн.) - ќе (чест.)

Како што сега мене ми е потребно да имам некого околу себе, да најдам некого кому овие свои мисли ќе му ги соопштам, со кого ќе ги разменам и ќе ги проверам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
За здравје и за добра мисла ќе ни даде од ракијата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само Полицијата на мислите ќе прочита што напишал тој, пред да го избрише од постоењето и од сеќавањето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во таквите моменти, одамна имам забележано, зборовите се во состојба да го заобиколат својот вистински господар, дури и здравата мисла ќе ја заобиколат, и ќе бувнат сосема случајно на несоответно место.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Целата клима на мислата ќе биде поинаква.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еретичната мисла ќе остане неказнета, неотповиклива, надвор од нивниот дофат засекогаш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури и Декарт во своите познати Медитации ќе ја илустрира метафората на прогресот пишувајќи дека човек не треба да прифати да скита во една гора и дека единствениот пат да го најде излезот е да оди по една права линија, без оглед на пречките.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Оваа мисла ќе го обележи и индустриско време, материјалниот прогрес.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И црната мисла ќе потоне во спокојот...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)