Или помеѓу зборовите на вака скудно изразеното незадоволство поради необмисленото однесување сепак беше содржана и премолчаната благодарност за љубовта што и ја беше понудил непознатиот војник на бел коњ, и убавите денови што можеби ги имаше поминато со него (за кои никогаш не беше спремна да раскажува); да не ја забораваме притоа и разочараноста која иако не беше најдитректно искажана веројатно навраќала во нејзините размисли шепотејќи и грдо и неутешно дека замаеноста од лудата среќа за жал премногу кусо трае?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И така, не е некое посебно изненадување тоа што младичот кого го интервјуирал Џејмс вели дека бара врска.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Дали и забележуваше само на својата лековерност и поводливост кога тргнала по младичот кого речиси и не го познавала?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сигурно, написот не кажува многу-многу за тоа што навистина прават на Грajндeр над 25 000 геј-момци во Сан Франциско. (Ако, како што некој корисник на Грajндeр му рекол на еден друг новинар, го користиш Грajндeр првенствено за пријателства, ако само се вмрежуваш, „ако си таму само за да најдеш пријатели во несексуален контекст, што има да бидеш без маица на сликата?)“432 Но, многу говори за општествениот притисок што ги тера двене третини од тие момчиња да одрекуваат дека го користат Грajндeр за сексуални споеви.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Написот на Скот Џејмс е, всушност, многу информативен.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Дури и практиките што навидум биле континуирани во текот на многуте години можеби се понестабилни отколку што изгледа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)