момент (имн.) - очекува (гл.)

Секој момент очекувам да ме повика гласот на мама: Хри...с...тина, ќе се разлее во полутемнината.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Секој момент очекувавме ѕвездите да се качат на сцената и да го започнат своето првутесто паѓање врз рамото на Земјата.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Новите технологии, да речеме, просто го вшмукуваат тоа романтично атрофирано телце на „старата уметност“ и ѝ шприцаат такви дози на „виртуелност“ што секој момент очекуваме од масата на Франкенштајн да стане некаков тоталитарен холограмски бог и да заведе ред.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)