момент (имн.) - му (зам.)

Тоа го возбудува, мислите за момент му се мешаат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Беше делумно оќелавен. Во првиот момент му се стори и дека посивел, но сив му беше само скалпот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во истиот момент му одговорив дека баш би сакала да го видам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Србин се сети да салутира и го мушна Шишмана со лактот в ребра од што тој се исправи како отпуштен федер зинувајќи да каже нешто, но во тој момент му ги снема зборовите од главата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тоа, во миг ќе го растопеше ледот, ќе му ја заблажеше горчината во утробата, ќе ги смиреше брановите кои во секој момент му ја давеа душата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Од „штрокавата“ многумина беа разбрале дека дипломирал и дека од тој момент му се губи трагата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа на моменти му дозволуваше, на моменти му се отргнуваше и повторно ја пушташе раката на неговото рамо барајќи ослон да не падне.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Неговите математички трудови толку во моментов му го огадија сликарството што тој не сака ни да го види кистот.”
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во последните моменти му доаѓа неговата највисока и единствена хермафродитска љубовница: Идејата; тука, тој е крал на духовната Европа. .
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Далеку зад себе ги оставил далечните виења на селските кучиња и за момент му се причини како во својот ноќен марш да се искачил високо над светот што го знаеше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Стравот и ужасот за кои сега знаеше дека го воделе и го терале далеку од местото на кое ја нагазија мината и западнаа во заседа како за миг да замреа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога Едо се сретна со неговиот поглед, виде оѕвереност на препален човек додека нему во ој момент му надоаѓаше нов бран побеснетост.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во тој момент му се стори дека не смее да излезе од канцеларијата на адвокатот, без да го даде одговорот во врска со синот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
На Хелвиг тоа во моментот му се стори многу неискрено.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
На моменти му изгледаше дека овие луѓе овдека, немаат некои големи грижи.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Зарем навистина во тој момент му заличив на ѕверка, скршена од железото на стапицата, која нестрпливо очекува да биде докрајчена?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во таа вечна трка некое одамна избледено искажување, што му го дофрлил некој делегат во Собранието, дури во овој момент му заличило на полна чаша отров плисната пред неговите нозе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го гледав со љубопитство и со болка но не забележав дека ужива во резултатите на своето дело.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На моменти му доаѓаше неартикулирано да вресне од немоќ, да сфати.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Такви моменти му се јавуваа одвреме-навреме, но обично на часовите беше мирен.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)