Секвенцата во која Сван го извлекува од неа признанието дека таа „два-трипати спиела со жени” и во која таа со лажна недолжност му раскажува настани од Ил де Боа, таа секвенца сама по себе претставува цел филм, кинематографски резови, рекадрирања и гро-планови чија што монтажа лесно можеме да си ја замислиме и која во себе веќе ги содржи цезурите, појаснувањата и упатствата за игра: “Одета сето тоа го раскажуваше речиси на смеа, било зашто тоа ѝ се чинеше сосем природно, било затоа што веруваше дека со тоа ќе го намали значењето на нештата или пак, да не изгледа понижена.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)