мрак (имн.) - веќе (прил.)

— Кој носи пусат да земе барут и олово, — се разнесе пак Толевиот дебел глас во ноќната тишина и темница.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Десетарите ги собраа луѓето и тргнаа по војводите, а мракот веќе падна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бледото лице на Арсо постепено се растопуваше во мракот веќе налепен во аглите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А студениот мрак веќе имаше почнато да ја поткопува од левата страна.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Мракот веќе налегнуваше проследен со ситен есенски дождец.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
- од неонадувањето направивме чудо, и сепак не го сторивме она, не го сторивме, никогаш не го сторивме. превод: Зоја Наскова-Барт Најновата збирка на раскази од Стјуарт Даибек (Stuart Dybek) е “Крајбрежјето на Чикаго”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но ние не го сторивме тоа, не на месечина, не во твојот двор под фосфорните okno.mk | Margina #32-33 [1996] 188 фенери од светулки, не под соѕвездијата кои не можевме ни да ги видиме, а камо ли да ги распознаеме, ниту пак во темниот отсјај кој го замени вистинскиот ноќен мрак, мрак веќе откраднат од нас; не кога облакодерите зад нас се креваа сѐ повисоко додека градот постепено трулеше, ниту во летната жештина додека Студената Војна беснееше; и покрај слободата на младоста и првата љубов - поради судбина, карма, среќа, што е важно што?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој предава “пишување” во Универзитетот на Западен Мичиган (West- ern Michigan University) и е добитник на две НЕА стипендии, Гугенхајм награда, Withing награда за писатели и, најново, награда за литература од Американската Академија на Уметностите и Хуманистичките Науки.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)