надоместок (имн.) - подолго (прил.)

1.  Интервјуто го водеше Игор Мишевски, на 18.III.2011, во Битола. Архивскиот број под кои се заведени предметите во Основниот суд Битола се: П.бр. 576/05, П.бр. 991/05 и П.бр. 200/07.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мало подобрување на правата на невработените лица, но повеќе теоретско отколку реално кога ќе се стави во контекст, претставува одредбата усвоена во декември 2008 година според која за лицата кои имаат право на паричен надоместок подолго од 12 месеца, паричниот надоместок за првите 12 месеца изнесува 50% од нивната просечна месечна нето плата за последните 24 месеца, а за преостанатото време 40% од таа просечна нето плата (чл. 5, ЗИДЗВОСН/дек.08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Одејќи по својот личен пример, тој правилно заклучува дека работниците треба сами да се информираат за своите права, а не да чекаат работодавачот да им ги каже истите. 268
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Висината на месечниот паричен надоместок за време на невработе- ност се утврдува врз основа на пресметаните и исплатени плати кај работодавачот, согласно со закон и колективен договор, и изнесува 50% од просечната месечна нето-плата на работникот за последните 24 месеци – за лице кое има право на паричен надоместок до 12 ме- сеци, а 40% – за лице кое има право на паричен надоместок подолго од 12 месеци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)