Ни еден народ не а има добиено слободата без борба.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Вака „месен — обесен" кај си видел ти, Марко?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Јоже беше визионер илуминатор и милионер пример за секој млад пионер идол на секој дрт пензионер Од машинбравар до претседател пцуел по Бога народ не пател секој што мрчел камења кршел кој не го љубел Идризово му судел Ако си серел по Јоже Броз ќе си ги видел Удба и Кос ако си кажал за него штос ќе си се убиел згазен под воз Работа имаше сѐ беше в ред Германија, Либија се одеше гурбет бизнисот цутеше динари грст се шверцаа фармерки дури од Трст Народот жали по златното доба Центро и Славија пукаа од роба полутки, одмори, тринаести плати на Водно се градеа луксузни палати
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Еден политичар вреска дека неговиот народ не е исплашен туку лут, друг бара да загинат по милион луѓе од обете страни за работата „еднаш засекогаш” да се реши, трет вели дека е подобро народот да му се наоѓа во состојба на вооружен екстремизам отколку во летаргија, како тие две состојби да се единствените можни состојби на човековото постоење.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Македонскиот народ не толку има нужда, барем сега-засега, за официјален јазик на мнозинството, за генерал-губернатор од народноста со мнозинство и за слободен печат, колку: за отстранување или парализирање на дејноста на националните и религиозните пропаганди; за отстранувањето на непријателството меѓу приврзаниците на разните национални и религиозни пропаганди; за отстранување на таа недоверба и обособеност што е сега меѓу македонската интелигенција воспитана во разни балкански државици и им служи на религиозно-националните пропаганди во Македонија; за официјално признавање на македонската народност и за внесување на името “Македонец” во нуфузите и во другите официјални документи на лицата од словенско потекло во Македонија; има нужда за земјиштен дел, како што на селаните им беше доделена земја при укинувањето на крепосништвото во Русија, Галиција и во др. земји.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Народот не ќе може да си ја врши својата работа, а, од друга страна, ќе треба да ги рани гладната турска војска и четите?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ако се допушти за верна таа теорија, ќе биде јасно оти еден народ не секогаш може да устои против притисокот од туѓи соседни народи, а губи еден свој дел во корист на посилниот сосед, и друго, од неа се гледа оти народите можат да се состават од два блиски народа, слеани во едно, како последица на историска неопходност.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Народот не е ништо друго, освен едно големо другарство, основано на крвно родство, на општ произлез, на општи интереси.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Идеите за полно отцепување на нашиот народ од другите балкански народи не се противречје на досегашното работење на нашиот народ за слобода, а само продолжение на неговото досегашно работење, врз еволуциона почва.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во замена за тоа, ако еден народ добие политичка слобода или се исполни нешто друго важно за народниот живот, без негово или со мало негово содејство, тогаш кога кај него нема уште изработени народни идеали или ако се изработени не се усвоени од сите членови на народот, тогаш, во таков случај, народот не ги цени народните идеали и, како човек без определена цел и програма за работење, се фрла ту на една ту на друга страна, правејќи го тоа не затоа што е убеден оти така треба да биде, ами затоа што гледа дека има околу него луѓе што постапуваат така или инаку.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Пули, да видиш... зошто, да те прашам јас тебе, народот не испеа такви песни за туѓите војски, а?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Не е проблемот во џиповите. Проблем е што народот не оди секоја недела на литургија - му возврати свештеникот. - Па како да оди кога нема доверба.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Зар не сте помислиле дека тие многубројни ситници ја изградуваат големата придобивка без којашто еден народ не може да оди напред?!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Камилски го прашуваше Татко зошто со толкав број османскотурски зборови балканските народи не би можеле меѓусебно да се разберат.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И во својот незавршен ракопис на својот живот за Историјата на Балканот низ падовите на империите, причините за трагизмот на својот народ не престануваше да ги бара во хроничната и ендемична изолација во текот на вековите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Народот не можел да се идентификува само со едната вера.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Многу одговори со „можеби ќе присуствувам“. Ви викам, народов не сфатил.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Да не беа пристаништата, морињата, а рака на срце - и компасот, сѐ уште ќе се занесувавме дека земјата ни е рамна како тепсија, и дека никакви непознати земји и народи не постојат од другата страна на нашава планета.”
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Народот не слуша, се бунтува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
18. Додека се урнисуваа царствата како плочки за домино Со кои некои Македонци се залажуваа на стари години И се правеа дека ѓоа не знаат дека со секоја урната плочка домино Им се урива и дел од живеачката И дека живеачката всушност била партија домино Особено живеачката во транзиција во која луѓето се струполуваа И кога не беа љубители на домино Туку така се струполуваа и ничкосуваа Откако ќе ги дофатеше некоја од многуте агенции за глобална благосостојба Така демек досека се урнисуваа царствата како плочки за домино Се ничкосуваа и светските наслаги од темни кристали Секаде каде што ќе цапнеше Чарлс Дарвин Се распаѓаа кулите од темни кристали Колку што се смалуваа светските резерви од темни кристали Толку стануваше кристално јасно Дека преживувале и ќе преживуваат Само оние кои се во состојба да се прилагодат на средината И дека се изџвакани преживеани и надживеани прикаските За тоа дека билките и животинките ги создал Бог Макар што и век и половина после Дарвин остана навиката Некои тукушто испилени големци во Македонија и не само во Македонија Ептен да се извештат во техниката на прилагодувањето И најмногу да се прилагодат на крстењето во божјите храмови Па се крстеа ту со десна ту со лева рака Самите не си веруваа ама се прикажуваа како големци и големи богомолци И самите епитропи клисари попови владици Не им веруваа на големците дека се големи богомолци Ама катаден седеа со нив на големи софри Богохулие ќе беше да се рече какви големци такви великодостојници Но остана забележано во Транзицијата Дека со пари се прават и големи сојузи на лажните богомолци Парите дупчат и таму каде што и самиот Бог не може На Чарлс Дарвин му доаѓаше да стане од гроб Да земе еден бастум и да почне да им ги прави црвени газињата На големците кои се прикажуваа како големи богомолци И сакаа да си играат мајтап со Чарлс Дарвин Колку што беа поучени новите големци се правеа поголеми богомолци И неуко си се убедуваа дека ќе го вратат тркалото на историјата наназад Во тој случај секако ќе му го сменат и името на градот Дарвин Ене онаму на влезот во северозападна Австралија И којзнае во кој град тогаш ќе живеат коалите Макар што сите од родот на коалите знаеја Дека тоа ќе биде кога врба ќе роди грозје И дека е ограничен и кусовечен рокот на прилагодливоста На новите големци големобогомолци Од што произлегува дека Чарл Дарвин пред век и половина Воопшто и не помислувал на таква прилагодливост И на толку ненормално размножување на камелеоните од сите видови И на камелеонството како начин на мавтосување И на гласачите и на Бога При толку мавтосувачи не беше тешко Да воскреснат смачканите митологии И да се смачкаат нововековните митологии При толку мавтосувачи народот не можеше да види Дека веќе се спуштени капаците на агенциите за глобална благосостојба И дека продлабочувањето на нееднаквоста станува светски процес При толку мавтосувачи одвај некој ќе забележеше Дека добриот слуга бргу бргу станал зол господар А сите окоруваа очи кога ќе ги видеа европејките Во потрага по оргазам на далматинските плажи Колку пари толку оргазам си знаеја европејките Кој Господ ги донесе европејките и во нашите краишта И го преиначи нивниот лозунг та сега мнозина мува не ги лазе кога велат Колку пари толку удентитет Во агенциите за глобална благосостојба Се измислуваа и други лозунзи поретко црвени почесто зелени Измислувачите на лозунзи неа знаеја дека овошјето се јаде кога е зрело Ниту беа чуле дека секоја трева си бара редовно косење Измислувачите на лозунзи шиткаа вообразена историја на парче На Чарлс Дарвин често му се слошуваше Од големци големобогољубци и измислувачи на лозунзи И тогаш тој се смируваше така што ги гледаше полжавите Како си прават пошарени куќички И со време си се вардат од глобалното затоплување.
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Како и сите други: кога ќе заѕвони лошото, ги затвораат очите.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Беше и ти таму? Ама ништо не виде со свои очи, нели?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Народот не е слеп. Одамна научил да чита.“
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Народот не можеше да се изначуди на необичната работа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Под неговата власт народот не беше премногу среќен, но ниту несреќен.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)